Цените на угостителските услуги во ноември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, останаа непроменети.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2014 година се зголемени за 0,4%.