Зголемени цените на угостителските услуги во октомври

20

Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во октомври 2014 година, во однос на истиот месец од претходната
година, е намален за 1,3%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2014 година, во
однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,8%, додека во однос на декември 2013 година е
зголемен за 0,4%.