Зголемени цените на земјоделските производи за 9,9%

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4,9%, а кај аутпутот е зголемен за 9,9%.

Во јануари 2014 година, во споредба со јануари 2013 година, индексот на цените на инпут 1 или тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 94.8, а индексот на цените на инпут 2 или средства наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 99.7.

Во делот аутпут, во јануари 2014 година, во споредба со јануари 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 113.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.4.