Зголемени девизните резерви во декември

31

Вкупните девизни резерви заклучно 31-ви декември лани достигнаа ниво од 3.262.570.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Тоа претставува зголемување на вкупните резерви за 2,1 милиони евра во споредба со претходниот месец, кога државните девизни резерви беа 3.241.460.000 евра.

Монетарното злато на крајот на минатата година имаше вредност од 301,8 милиони евра, додека валутите и депозитите изнесува 438,7 милиони евра.

Вкупните хартии од вредност, што се дел од државните девизни резерви, изнесуваа 2,5 милијарди евра.

Фото: Pexels