Зголемени девизните резерви во ноември

29

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви на крајот на ноември оваа година достигнаа ниво од 2,7 милијарди евра, што претставува зголемување од 12,1 милиони евра во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Официјалните девизни резерви во октомври имаа вредност од 2.759.400.000 евра, додека во ноември лани се позиционираа на 2.273.600.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви отпаѓаат на хартии од вредност, чие салдо заклучно со 30.11.2018 година 2.200.200 евра, додека еден месец претходно беа 2.116.000 евра. На крајот на ноември лани оваа сметка имаше вредност од 1.809.400.000 евра.

Валутите и депозитите во ноември достигнаа ниво од 330.200.000 евра, што е за 72,2 милиони евра помалку во споредба со октомври. Во ноември лани, на оваа сметка имаше 220.200.000 евра.

Монетарното злато на крајот на минатиот месец имаше вредност од 237.500.000 евра, односно 300.000 евра повеќе во однос на октомври, а 2,4 милиони евра помалку во споредба со ноември минатата година.