Зголемени инвестициите во секторот за нафта и гас на глобално ниво

33

Според новиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), глобалните инвестиции во енергетскиот сектор треба да се зголемат за осум проценти во 2022 година.

Иако инвестициите во секторот на нафта и гас се зголемени за 10% во однос на минатата година, тие сепак се значително под нивоата од 2019 година.

Глобалниот приход на секторот треба да скокне на четири трилиони долари во 2022 година, што е повеќе од двапати над петгодишниот просек, при што најголемиот дел ќе оди во големите земји кои извезуваат нафта и гас, според ИЕА.

Во исто време, инвестициите во чиста енергија сочинуваат околу пет отсто од капиталните расходи на компаниите за нафта и гас ширум светот, во споредба со еден процент во 2019 година.