Зголемени онлајн нарачки, Amazon вработува уште 75.000 работници

37

Американската компанија за е – трговија, Amazon планира да вработи уште 75.000 луѓе на работни позиции од магационери до доставувачи.

Имено, онлајн нарачките на компанијата се зголемени поради пандемијата којашто ги држи луѓето во домашна изолација.

Компанијата наведе и дека ќе продолжи со зголемувањето на платите и се очекува дека таа инвестиција ќе надмине 500 милиони долари.

Најавата на нови вработувања доаѓа откако Amazon неодамна ангажираше 100.000 работници.

“Знаеме дека многу луѓе се економски погодени, бидејќи изгубиле работа или се испратени на принуден одмор. Добредојдени се сите да се приклучат на Amazon додека работите не се вратат во нормала и нивните работодавачи да ги вратат на работа“, соопштија од компанијата.

Фото: Facebook