Зголемени продажните цени на индустриските производи на домашен пазар во септември

17

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во септември оваа година, се повисоки за 0,5% на месечно, односно 4,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2015, во споредба со август 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7%, Енергија за 0,6%, Интермедијарни производи освен енергија за 0,3% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Во септември 2015, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,7%, Интермедијарни производи освен енергија за 0,9% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.