Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

69

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември 2022 година, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 15,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Во септември 2022, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,1 отсто.

Во септември 2022, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 14,6 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 43,1 процент

Според Државниот завод за статистика, во септември 2022 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се пониски за 0,5 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 10,9 проценти.

Во септември 2022, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 процента. Во септември 2022, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9,3, а во секторот Преработувачка индустрија за 11 отсто.