Зголемени трошоците во градежништво за нови објекти за индивидуално домување

45

tuli-pixabay

Фото: Pixabay

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во второто тримесечје од годината во споредба со првото тримесечје, се повисоки за 2,5%, трошоците за материјали се повисоки за 0,9% и трошоците за вработените се повисоки за 6,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,2%, трошоците за материјали се повисоки за 1,1% и трошоците за вработените се повисоки за 4,7%.