Зголемени вкупните девизни резерви во септември

24

evra naredeni

Вкупните девизни резерви на крајот на септември оваа година беа на ниво од 2.699.000.000 евра или за 22,4 милиони повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Истиот период лани, вкупните девизни резерви изнесуваа 2.187.400.000 евра, односно 511,6 милиони евра помалку од септември 2016 година.

Државата во текот на минатиот месец имаше на располагање монетарно злато вредно 259.000.000 евра, додека еден месец претходно имаше вредност од 257.600.000 евра. За 39,7 милиони евра е зголемено монетарното злато во септември 2016-та во однос на истиот период лани.

Сметката валути и депозити заклучно со 30-ти септември имаше салдо од 270.400.000 евра, што е намалување од 52,2 милиони евра во однос на претходниот месец. На крајот на септември лани, валутите и депозитите, како дел од вкупните девизни резерви, изнесуваа 240.900.000 евра.

Намалување од 73,3 милиони евра на месечно ниво има на контото хартии од вредност, коешто на 30.09.2016 имаше вредност од 2.164.900.000 евра, додека истиот период лани беше на ниво од 1.722.400.000 евра.