Зголемено индустриското производство во октомври

24

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Индустриското производство во октомври, во однос на истиот период лани, е зголемено за 1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 10,6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6,5%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 4% и Капитални производи за 15,4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на периодот јануари – октомври 2016 година, е зголемено за 0,1%.