Зголемено индустриското производство во октомври

21

Индустриското производство во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е зголемено за 13,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи опаѓање од 6,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 18,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,4%.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2%, Капитални производи за 27,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 14,2%.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на периодот јануари – октомври 2014 година, е зголемено за 3,6%.