Зголемено индустриското производство во септември

23

Индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 6,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи опаѓање од 7,4%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4,6%, а во секторот  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 32,2%.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 25,5%, Капитални производи за 6,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 14,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5%.

Индустриското производство во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, е зголемено за 5,6%.

Фото: Pixabay