Зголемено количеството на собран комунален отпад во 2014

26

Вкупното количество на собран комунален отпад во земјава во 2014 година изнесува 569.794 тони, што во споредба со 2013 година е зголемување од 2,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 153.433 тони или 26,9% од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 479.787 тони или 84% се собрани од домаќинствата, а останатите 16% од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 487.711 тони или 86%, а најмало количество отпад од гума, 336 тони или 0,06% од вкупното количество собран комунален отпад.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2014 година изнесува 765.156 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2014 година изнесува 370 кг по жител, што е за 3,6 % помалку од истото количество во 2013 година.

Најголемото количество на собран комунален отпад (99,4%) се отстранува на депонија.