Зголемено производството на шумски производи во четвртото тримесечје на 2015 година

15

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2015 година, во однос на четвртото тримесечје од 2014 година, е зголемено за 44,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни и иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни и иглолисни видови, друго обло дрво од листопадни и иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци.