Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

17

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2014 година, во однос на четвртото тримесечје од 2013 година, е зголемено за 8,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, другото обло дрво
од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни и листопадни видови, огревното дрво од
иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепеници, дрвени мотки и колци.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови и кај рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови.