Зголемување на девизните резерви во јануари

19

Вкупните девизни резерви на крајот на минатиот месец изнесуваат 2.483.690.000 евра, што е за 47.210.000 евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Зголемување од 504.550.000 евра има во однос на истиот период лани, кога вкупните девизни резерви биле на ниво од 1.979.140.000 евра.

Пораст од над 45 милиони евра има и кај хартиите од вредност, кои на 31.01.2015 имаа салдо од 1.989.060.000 во однос на 1.943.750.000 евра еден месец претходно.

Валутите и депозитите на крајот на јануари беа на ниво од 245.760.000 евра, еден месец претходно имале вредност од 272.840.000, што е намалување од 27.080.000 евра.

Зголемување од над 28 милиони евра има кај монетарното злато на крајот на јануари (244.420.000 евра)  во однос на 31.12.2014 година (215.640.000 евра).

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.