Зголемување на трошоците на живот и цените на мало во мај

39

Трошоците на живот во мај оваа година, во однос на претходниот месец, бележат пораст од 0,5%, додека пораст од 0,6% има кај цените на мало, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на животот од 0,5% во мај 2015 година, во споредба со претходниот месец,
е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 4,4%, мастите за 1,8%, другите неспоменати прехранбени производи за 1,6%, конзервираната риба за 0,8%, конзервираниот зеленчук за 0,7%, рибата за 0,6%, шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторските производи за 0,5%, лебот и житарките за 0,4% и тестенините за 0,3%.

Исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за
11,2%, течните горива за домаќинствата за 6,6%, средствата за чистење и одржување на станот за 4,6%, обувките за 4,3%, течните горива и мазива за 3,6%, книгите за 3%, пакет туристичките аранжмани за 2,8%, услугите за култура за 2,7%, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1,7%, другите производи за одржување на станот, информатичката опрема и игри, играчки и хоби за 1%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,7%, електричните апарати – мали за 0,6%, цврстите горива, болничките услуги и опрема за спорт и кампирање за 0,5%, облеката, материјалите за одржување и поправка на станот и услугите за рекреација и култура за 0,3%.

Намалување на трошоците на животот во мај 2015 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај јајцата за 2,1%, конзервираните месни производи за 0,5%, месото и сувото овошје за 0,4% и замрзнатиот зеленчук за 0,2%.

Во мај, исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај телефонските и факс апарати за 8,4%, лековите за 4,5%, услугите за сместување за 2,2% и гасот за домаќинствата за 0,6%.

Tрошоците на животот во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, бележат пораст од 0,3%, а цените на мало бележат намалување од 0,6%.