Зграда како џиновско дрво за канадскиот град Торонто

34

torontodrvoФото: Facebook

Архитектонската компанија Penda од Кина, заедно канадската компанија Timber, дизајнираа Toronto Tree Tower – 18 катна кула покриена со зеленило. Во кулата висока 62 метри, дизајнирана за канадскиот град Торонто, на секој од балконите е предвидено да бидат засадени дрвја.

Toronto Tree Tower ќе се издига како џиновско дрво во градот целосно прекриена со растенија, зеленило и обложена со дрвени фасадни панели, пишува Dezeen.

“Нашите градови се направени челик, бетон и стакло. Ако одите низ градот и одеднаш видите кула прекриена со дрва и растенија тоа ќе создаде интересен контраст, топол и природен изглед. Ова може да биде модел за еколошки развој на нашиот урбан пејзаж“, вели Крис Прехт од архитектонската компанија Penda.