Зграда што го решава проблемот со паркирање, поплави и зелена површина

105

zgrada1

Данското архитектонско студио Third Nature претстави Pop – Up, три во едно зграда којашто го решава проблемот од поплави, недостатокот на паркинг места и зелени површини во градовите. Оваа структура на која едно над друго се склопени зелена површина, гаража и резервоар за вода го користи Архимедовиот закон за да ја собере водата и креира лебдечки простор за сместување на автомобилите, пишува ArchDaily.

“Земавме мапа на којашто се прикажани горчливите проблеми поврзани со поплави и друга мапа со места каде има најмногу проблеми со паркирањето. Кога ќе се спојат двете мапи се гледа дека постојат места каде може со еден концепт да се решат два проблема“, вели  архитектот Оле Шродер.

zgrada2Висината на Pop – Up зградата се менува во зависност од времето. Кога времето е сончево и суво, гаражата е сместена во подземјето, а над неа е зелената површина. Но, кога почнува да врне дожд водата полека го полни резервоарот, а гаражата полека ќе почне да се дига бидејќи плута по водата. Оваа структура функционира благодарение на Архимедовиот закон којшто вели дека секое тело потопено во течност, губи од својата тежина онолку колку што изнесува тежината на течноста што ја истиснува.

Хидрауличните лифтови и потпорните ѕидови обезбедуваат безбедно движење на структурата нагоре и надоле. Без разлика колкаво е нивото на водата, гаражата останува достапна за пешаците и возилата.

Фото: Tredjenatur.dk