Зграда во Виена користи дождовница како природен клима уред

56

dozd-pixabay

Фото: Pixabay

Дождот во градовите може да предизвика проблеми, особено ако доаѓа од големо невреме. Но, една станбена зграда во Виена го употребува насобраниот дожд како природен клима уред, пренесува магазинот Fifty fifty.

Околу целата зграда е поставен систем на канали што ја собира дождовницата и ја спроведува во посебни контејнери. Целта на системот е водата да остане што е можно подолго во овој станбен комплекс, бидејќи на тој начин водата делува како природен клима уред за разладување во текот на летните месеци.

Исто така, овој систем ја искористува и дождовницата што се наоѓа на покривот од зградата. Водата се задржува на плочи прекриени со камења и растенија, под коишто се наоѓаат уреди што постепено ја пропуштаат водата. Колку побавно се движи водата, толку е и поголем ефектот на разладување.