Жас прокнижи загуба од 1,6 милиони денари

20

zas skopje

Акционерското друштво Жас од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со загуба од 1.668.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2014 година, компанијата прикажа загуба од 1.792.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од 2015 достигнаа 4.249.000 денари, додека во истиот период лани беше на ниво од 5.492.000 денари.