ЖАС првите шест месеци ги заврши со загуба од 192.000 денари

22

zas-skopje

Транспортната компанија ЖАС од Скопје, во текот на првите шест месеци од оваа година, прикажа загуба од 192.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата оствари загуба од 10.462.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, достигнаа 108.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 2.171.000 денари.

Основна дејност на ЖАС е товарен патен транспорт, а како споредна дејност се јавува сервисирање на товарни возила и издавање деловен простор.