ЖАС со загуба од 9.000 денари во првите три месеци од оваа година

13

zas-skopje

Компанијата ЖАС во првото тримесечје од 2017 година прикажа загуба од 9.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од први јануари до 31-ви март лани, компанијата евидентираше загуба од 10.296.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март 2017 година, достигнаа 158.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 1.025.000 денари.

Основна дејност на ЖАС е товарен патен транспорт, а како споредна дејност се јавува сервисирање на товарни возила и издавање деловен простор.