Жас во 2015 година прокнижи загуба од 5,7 милиони денари

25

zas skopje

Акционерското друштво Жас од Скопје, во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, прикажа вкупна сеопфатна загуба од 5.770.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, загубата била 17.118.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година беа на ниво од 5.389.000 денари, додека во 2014 година достигнаа 31.479.000 денари.

Жас од Скопје се занимава со товарен патен транспорт, а како споредна дејност се јавува сервисирање на товарни возила и издавање на деловен простор.