ЖАС за девет месеци оствари 10,4 милиони денари загуба

21

zas-skopje

Компанијата ЖАС од јануари до септември оваа година работеше со загуба од 10.439.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа загуба од 1.668.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 2.435.000 денари, додека истиот период претходната година достигнаа 4.249.000 денари.

Основна дејност на ЖАС е товарен патен транспорт, а како споредна дејност се јавува сервисирање на товарни возила и издавање деловен простор.