Железница ФБиХ го враќа возот на Кончар

23

koncar vlakЖелезницата на Федерацијата Босна и Херцеговина ќе му го врати на хрватски Кончар нископодниот воз што го купија уште во 2008 година, а до денес не го платиле, потврди федералниот министер за сообраќај и комуникации, Енвер Биједиќ.

ЖФБиХ на Кончар ќе му плати дел од разликата од цената која се однесува на периодот во кој бил во употреба, но не е прецизирано за колкава сума се работи.

Кога е купен во 2008 година, возот чинел 5,3 милиони евра, а на шините во БиХ бил само осум месеци.

Од Кончар Електродистрибуција за хрватските медиуми потврдиле дека се во тек преговори со ЖФБиХ за враќање на нископодниот електромоторен воз.

Од Кончар велат дека возот го враќаат затоа што не можат да го платат, а тој е во возна состојба и само бара редовно одржување. Од Кончар додаваат дека поради кризата ФБиХ не се во можност да ја реализираат планираната модернизација на железничкиот превоз и дека се откажуваат од набавката на 12 нови возови, како што беше планирано.