Железничкиот сообраќај кон Гевгелија во прекин

13

Од ЈП Македонски железници известуваат дека како последица на поројни дождови дошло до оштетување на пругата на железничката станица Смоквица во должина од 30 метри. Екипи од Македонски железници работат на отстранување на оштетувањата. Железничкиот сообраќај кон Гевгелија е во прекин од 00:00 часот.