Железото поевтинува – ќе падне ли цената на недвижностите?

167

Речиси две недели повторно се чувствува падот на вредноста на железото на светскиот пазар.

Многумина се надеваат дека падот на вредноста на овој ресурс ќе продолжи бидејќи од него зависат многу економски активности, особено оние во градежниот сектор.

Според податоците кои ги објави бизнис порталот Business Insider, цената на железото на 17 јуни изнесувала 1.350 долари за тон. На 9 јуни, тон железо чинеше 1.400 долари.

Од почетокот на оваа година, еден тон железо беше најскапо на 4 април кога чинеше 1.610 долари, а најевтино на 18 мај кога чинеше 1.300 долари.

Цената на овој ресурс значително влијае на многу активности, особено во градежништвото. Овој сектор повеќе од една година е повеќе погоден од кризата, поради поскапувањето на многу други материјали.

Ова принуди голем број инвеститори, приватни и јавни, да ги пролонгираат или целосно да ги напуштат градежните проекти. Не е исклучок ниту изградбата на станови, што се одрази на цените на недвижностите – тие се уште поскапи.