Жените во Македонија со пониска нето плата од мажите

18

Вработеноста во Република Северна Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско – социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд, стои во публикацијата Жените и мажите во Македонија на Државниот завод за статистика.

Стапката на вработеност во земјава во 2017 година кај жените изнесува 34,6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите, која изнесува 53,6. Стапката на невработеност кај жените изнесува 21,8%, а кај мажите 22,7%. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44,3%, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69,3%.

Вкупно 37,7% од жените во урбаните средини биле вработени, додека тој процент кај мажите е 52,2. Од друга страна во руралните средини се вработени 30,5% од жените, додека кај мажите 55,2%.

Нето платата кај жените во 2017 година изнесувала 228.712 денари, додека кај мажите тој износ е 386.007 денари.