Женска доминација во оваа професија

41

Во 2018 година, во земјите членки на Европската унија, имало 5,2 милиони наставници во основни и средни училишта. Жените се доминантна работна сила во овој сегмент со 72% или 3,7 милиони наставнички или професорки во ЕУ.

Слично е и кај нас, според податоците на Eurostat, па од 7.457 наставници во основните училишта, 6.290 или 84% биле жени, а остатокот од 1.167 се мажи.

Во сите земји членки на ЕУ, доминирале жени во професорската работа. Најголем процент имаат овие земји: Латвија (87%), Литванија (85%), Бугарија, Естонија и Словенија (по 83%).

Од друга страна, најголем процент на наставници мажи има во: Данска (38%), Луксембург (36%), Грција и Шпанија (по 34%) и Франција (32%).

Анализирано по возраст, 39% од наставниците во основните и средните училишта во ЕУ биле над 50 години, во 2018-та година. Во Италија повеќе од половина (54%) од наставниците се во таа возрасна група, како и во Литванија (52%). Земји во коишто наставниците имаат 50 и повеќе години се и: Естонија, Грција и Бугарија со по 49%.

Во исто време, 1% од наставниците во ЕУ, во 2018 година, имале над 65 години. Најмногу наставници на оваа возраст има во: Естонија (8%), Латвија (5%), Шведска и Данска (по 4%).

Инаку, светот секоја година на петти октомври го прославува Светскиот ден на наставниците.

Фото: Pexels