Женското претприемништво – мотор за создавање работни места

32

sl

Во Даут пашин амам, Стара чаршија- Скопје, вчера се оддржа националниот промотивен настан Женското претприемништво – мотор за создавање работни места, примери на добра пракса во Р. Македонија, кој претставува финална фаза од проект за развој на женското претприемништво во регионот организиран од Здружението на бизнис жени и Фондацијaта за менаџмент и претприемничко учење во соработка со Регионалниот центар за претприемничко учење на Југоисточна Европа (SEECEL) од Загреб.

На настанот беше промовиран филмот кој е дел од завршната фаза од проектот.

Настанот го отвори Валентина Дисоска, Претседателка на Здружението на бизнис жени и Габриела Костовска Богоеска, Извршен директор на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Почесен говор оддржаа и жените претприемачи кои се преставнички од Македонија во филмот и кои земаа активно учество во проектот: Анета Пешева, сопственичка на ULTRA/UNET Group, Маријана Перковска, сопственичка на ИСТ комерц и Љубица Џонич, сопственичка на Аграр Плус ДООЕЛ.