Жито Караорман од Кичево со загуба од 6,8 милиони во 2014 година

157

denari 123

Акционерското друштво Жито Караорман од Кичево минатата 2014 година ја заврши со загуба од 6.840.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Жито Караорман една година претходно работеше со добивка во висина од 7.068.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2014 беа на ниво од 73.907.000 денари, додека една година претходно тие имаа вредност од 89.968.000 денари.