Млинско пекарската компанија Жито Караорман од Кичево во првите девет месеци од оваа година работеше со добивка од 1.812.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, компанијата оствари добивка од 3.487.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на Жито Караорман од први јануари до 30-ти септември 2015 година изнесуваат 59.118.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 51.755.000 денари.