Жито Караорман за девет месеци оствари добивка од 1,8 милиони денари

22

leb i beli peciva

Млинско пекарската компанија Жито Караорман од Кичево во првите девет месеци од оваа година работеше со добивка од 1.812.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата оствари добивка од 3.487.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Жито Караорман од први јануари до 30-ти септември 2015 година изнесуваат 59.118.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 51.755.000 денари.