Жито Лукс лани ja зголеми продажбата, но не и добивката

55

201007251107597Според финансиските извештаи кои беа објавени на Македонска берза, Жито Лукс забележа загуба во своето работење за 2012 година.

И покрај подобрениот резултат од оперативно работење од основната дејност, намалувањето на останатите приходи резултираше во загуба пред оданочување во износ од 37.797.000 денари.

Во текот на 2012 во споредба со истиот период минатата година, Жито Лукс евидентираше зголемени приходи од продажба за 5%. Од продажбата на домашен пазар приходите се зголемени за 4%, што е резултат на зголемената количина на продаден на леб за 4,6% и поголем обем на продажба на брашно за 16,4%. На странскиот пазар пак, прометот е зголемен за 26%.

“Лани работењето беше обременето со зголемени трошоци за енергенси што негативно влијаеше на трошоците во производството, а тоа не дозволи подобрување на бруто профитната маржа повеќе од 1%”,  велат од Друштвото.

Поконкретно, цената на гасот се зголемила за 30,3%, а на горивото за 7,8% во однос на претходната година.

Како резултат на дезинвестирањето од непрофитабилниот бизнис и подобрени активности преку фокусирање на главната дејност –  производство на леб и брашно, Жито Лукс постигна намалување на останатите оперативни расходи за 6% споредбено со 2011.

“И покрај подобрениот резултат од оперативно работење од основната дејност, намалувањето на останатите приходи резултираше со загуба во износ од 44,9 милиони денари”, објаснуваат од компанијата.