Жито Лукс со донаторска кампања за Детското одделение во Тетовската болница

20

zito-luks

Со секој купен производ на Жито Лукс, во Тетово, се донира за реновирање на Одделот за детски болести во Клиничката болница во градот. Во следните три месеци ќе биде активна хуманитарна акција на најголемиот македонски производител на леб и брашно, компанијата Жито Лукс. Имено, со одвојување на средства од секој купен производ, Жито Лукс заедно со граѓаните на Тетово ќе придонесат за реновирање и опремување на Одделот за детски болести.

„Искрено веруваме дека оваа хуманитарна акција ќе предизвика интерес и со помош на граѓаните на Тетово ќе добие подобри услови за лекување на дечињата. Дел од нашата стратегија за општествена одговорност е да помагаме онаму каде што е најпотребно без разлика дали станува збор за институции или индивидуи”, истакна Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.

Жито Лукс преку ваквите хуманитарни кампањи се залага за подобрување на условите во различни општествени сегменти. Нивната општествена одговорност и грижата за заедницата се покажува како еден од приоритите во работењето и ветува продолжување на ваквите акции што имаат улога да придонесат за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани