Жито Лукс за шест месеци оствари добивка од 6,8 милиони денари

33

zito-luks

Компанијата Жито Лукс од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 6.836.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари загуба од 22.149.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се на ниво од 512.899.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 491.266.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 21.633.000 денари.

“Вкупните приходи од продажба се намалени за 10%, најмногу поради дефокусот на компанијата од производите со ниска профитна маржа, како што е професионалното брашно и намалените цени на категоријата леб во Скопје“, стои во Коментарот за резултатите од работењето.

Од компанијата велат дека стратегијата е насочена кон проширување на постојните пазари и навлегување во нови, лансирање на производи со додадена вредност коишто ќе ги задоволат специфичните потреби на потрошувачите и силна рекламна покриеност на овие иницијативи.