Жито Лукс за шест месеци прокнижи добивка од 4,4 милиони денари

21

zito-luks

Жито Лукс, во периодот јануари – јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.444.000 денари, стои во неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

“Компанијата продолжи со успешна работа и во второто тримесечје од 2017 година. Ова е втора последователна година во којашто Жито Лукс успева да постигне позитивен оперативен и нето резултат во првото полугодие од годината. Бруто добивката во анализираниот период е подобрена за 2%“, стои во Коментарот за резултатите од работењето на Жито Лукс.

Добивката во првите шест месеци од минатата година беше на ниво од 5.742.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни, имаа вредност од 522.513.000 денари. На домашен пазар се реализирани 499.725.000 денари, додека на пазари во странство продажбата имаше вредност од 22.788.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство и продажба на леб, брашно и печива.