Жито Маркети со нов супермаркет во Скопје

45

zito

Жито отвори нов маркет во скопската населба Тафталиџе, со површина од 240 метри квадратни, со тим од 11 вработени и со две наплатни каси. Овој супермаркет на своите потрошувачи ќе им овозможи врвна услуга и широк асортиман на производи по прифатливи цени.

„Жито Маркети со секој новоотворен објект продолжува да ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со барањата и со потребите на современите потрошувачи. Големо задоволство ми преставува тоа што и жителите на Тафталиџе ќе имаат шанса да се уверат во вредностите на нашата компанија, како што се квалитетот, ниските цени и услужливоста“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор на Жито Маркети.

На денот на отворањето за сите присутни беа подготвени голем број подароци, промоции, попусти, продажни акции и гратис производи. Уште веднаш купувачите можеа да ја искористат лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“ и бенефициите што ги овозможува при купувањето. Со тоа, граѓаните ја покажаа и својата хумана страна, односно преку добивање на картичката да донираат онаму кај што е потребно, а членaрината во нивно име ја дава Жито Маркети.

Супермаркетот, кој е лоциран на улица Будимпештанска број 7, ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот до 21:00 часот, додека во недела ќе работи од 08:00 до 14:00 часот.