Компанијата Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 30 септември оваа година, евидентираше загуба од 19.320.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата оствари нето добивка во висина од 16.999.000 денари.
Вкупните приходи од продажба за девет месеци се на ниво од 393.525.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓа поголемиот дел – 393.737.000 денари, додека остатакот од 788.000 денари е остварен на странски пазари.