Жито Полог од Тетово за девет месеци прокнижи загуба од 1,2 милиони денари

49

zito-polog

Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа загуба од 1.237.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка во висина од 6.432.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2017 година, изнесуваа 289.539.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар отпаѓаат 287.500.000 денари, додека на странски пазар се реализирани 2.039.000 денари.

Жито Полог од Тетово се занимава со производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца.