Акционерското друштво Жито Полог од Тетово за девет месеци оваа година работеше со загуба од 10.088.000 денари, покажува неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех.
Истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 19.320.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на компанијата, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, достигнаа вредност од 287.023.000 денари. Од нив 285.181.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека остатокот од 1.842.000 денари е остварен на странски пазари.