Жизел Бундхен запеа за H&M

47

Gisele-Bundchen

Жизел Бундхен, светски познатата манекенка покажа уште еден талент. Како заштитно лице на шведскиот моден бренд H&M, таа запеа во новото промотивно видео за есенската кампања. Според најавите, верзијата на песната All Day and All of the Night на The Kinks во изведба на Жизел ќе може да се презема од iTunes, а приходот од продажбата ќе биде дониран на UNICEF.