Zippelin – куфер што се собира во ролна

24

2880-1200-freitag-zippelin-8l7a3219

Фото: Freitag

Швајцарската компанија Freitag, со седиште во Цирих, изработи куфер што се собира како ролна, пишува Inhabitat.

Куферот собира прилично голема количина алишта и кога не се употребува сопственикот може да го свитка, со што се ослободува голем простор. Zippelin е дизајниран за долги прекуокеански пакувања, а изработен е од рециклиран тарпаулин – цврст водоотпорен материјал што го има на камионите, додека тркалата се од скејтборд.

Кога е надуван, Zippelin може да собере 85 литри, а кога ќе се издиши зафаќа простор колку две шишиња.

Куферот може да се надува со стандардна пумпа, а доколку случајно се дупне гумата, тука е џебот со патент.

Freitag моментално има своја кампања на платформата Kickstarter, каде веќе собра двојно повеќе од побараните средства. Компанијата очекува продажната цена да биде 520 евра, но оние кои веќе ги нарачаа првите 100 куфери, ќе ги платат 380 евра.

Првата испорака се очекува следниот април.