Zizoo – онлајн платформа за изнајмување пловни објекти

40

zizoo-facebook

Фото: Facebook

Zizoo е онлајн платформа за изнајмување половни објекти, слична на AirBNB или Booking.com, пишува Bug.hr.

Станува збор за платформа што го автоматизира и дигитализира изнајмувањето на бродови. Zizoo има широка понуда на бродови, едрилици, јахти и слично. Во овој момент корисниците може да направат резервација на еден од 11.000 бродови од различни категории во 30 земји, на 500 локации. Корисникот треба да направи резервација на пловниот објект и да одбере некоја дополнителна услуга што му стои на располагање.

Основачи на тимот се: Ана Баничевиќ од Црна Гора, Синан Машовиќ и Иван Милетиќ од Хрватска, како и Бенито дел Вале од Шпанија. Седиштето на компанијата е во Берлин, а планираат отворање на подружница во Хрватска.