ЗК Пелагонија ја купи Жито Битола

77

Земјоделски комбинат во државата, ЗК Пелагонија, ја купи Жито Битола. Според информацијата од ЗК Пелагонија објавена на Македонска берза, за имотот на Жито Битола компанијата платила 857.000 евра, од кои 815.000 се кредит од Комерцијална банка. Како обезбедување за кредитот е ставена хипотека над имотот на млинот.

Жито Битола беше најголемата мелничко-пекарска компанија во југозападниот дел на Македонија, која во 2007 година отиде во стечај. Најголем дел од имотот беше под хипотека во Комерцијална банка, која го продаваше за околу 400.000 евра.