ЗК Пелагонија во првите шест месеци од годинава работеше со загуба од 109,2 милиони денари

46

zk-pelagonija

Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола во текот на првото полугодие од 2017 година прикажа загуба во висина од 109.228.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата работеше со загуба од 52.502.000 денари.

Од први јануари до 30-ти јуни оваа година, ЗК Пелагонија оствари вкупни приходи од продажба во висина од 410.307.000 денари. На домашен пазар е реализиран поголемиот дел од 396.625.000 денари, додека остатокот од 13.682.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е примарно земјоделско производство на: ниски култури (пченица, јачмен, сончоглед, шеќерна репа, пченка зрно, пченка силажа и други), одгледување на ситен и крупен добиток, сточарско производство, градинарство, рибарство и овоштарство.