ЗК Пелагонија за девет месеци прокнижи 315,6 милиони денари добивка

34

zk-pelagonija

Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола прокнижи вкупна сеопфатна добивка во вредност од 315.669.000 денари, покажува деветмесечниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа загуба од 24.052.000 денари.

“Во структурата на оперативните приходи, највисока е ставката на приходите од продажба, коишто опфаќаат 72,80% од вкупните оперативни приходи или 958.237.000 денари. Приходите од продажба бележат тренд на зголемување во однос на претходната деловна година и истите се зголемени за 22,16%“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од годинава достигнаа 958.237.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 957.157.000 денари, а остатокот од 1.080.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Основна дејност е примарно земјоделско производство на: ниски култури (пченица, јачмен, сончоглед, шеќерна репа, пченка зрно, пченка силажа), одгледување ситен и крупен добиток, сточарско производство, градинарство, рибарство и овоштарство.